Мезе по рецепт на „Балкан Твист“

септември 5, 2023

Ви остана парче свинско месо од вчерашното печење и не знаете како да го искористите. Ова е нашиот предлог за вас! Ние го викаме МЕЗЕ, а вие можете слободно да си го искористите и како ручек.

Потребни состојки:

– готово свинско месо кое ви останало од ручекот или вечерата од претходниот ден 🥩
– компир 🥔
– домат 🍅
– кашкавал 🧀
– кромид 🧅
– кечап, мајонез, магданос, чили сос по желба🥫

Начин на подготовка:

🥩 Месото кое ви остана од претходниот ручек или вечера насечете го или со вилушка наситнете го на поситни парчиња и во тава поттоплете го со малку барбикју сос за поубав вкус.
🥔 Компирот насечете го на тенки парчиња и испржете го во врел зејтин.
🍅 Доматот и кромидот насечете ги на ситни коцкички, а кашкавалот изрендајте го.
🍽 Кога ќе се испржи помфритот, ставете го во чинијата, ставете рендан кашкавал брз него,додадејте го месото, насецканите домат и кромид и по желба ставете кечап, магданос, мајонез, чили сос.

 

Видео:

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ