strumica denes logo

Матичните лекари за 7 дена препишале над 5.400 рецепти за хронична терапија

Автор:

Датум:

август 30, 2023

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

август 30, 2023

Категории:

Струмица

Министерството за здравство ја информира јавноста дека за една седмица, со помош на реформската мерка во примарната здравствена заштита, 2.443 хронично болни пациенти посетиле матичен лекар и биле издадени 5.412 рецепти за хронична терапија.Со оваа реформска мерка се зајакнува улогата и важноста на матичните лекари во здравствениот систем, а воедно се олеснува административниот товар и се намалува притисокот врз секундарното и терциерното здравство, а за тоа сведочат и бројот на пациенти и рецепти препишани кај матичен лекар за една недела.