Малиот генијалец Македон Димитровски од Тетово освои нов сребрен медал на меѓународен натпревар по математика!

февруари 24, 2023

Осумгодишниот математички генијалец Македон Димитровски од Тетово освои сребрен медал на меѓународниот натпревар „Математика без граници“.

Македон, покрај генијалноста во математиката, зборува и повеќе јазици, меѓу кои германски, англиски, кинески и арапски, објавија неговите родители на Фејсбук.
Малиот генијалец од Тетово има коефициент на интелигенција 134, а предвидувањата се дека истиот со тек на годините ќе достигне до 145-150.

За потсетување, минатата година Македон на истиот натпревар освои златен медал во зимската сесија, а медалите му беа врачени на последниот училиштен ден од минатата учебна година, кога беше организирана и посебна церемонија.

Тој честопати на социјалните мрежи знае да одржи лекции од разни области што во моментот го интересираат, како историја, географија, астрономија…

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: