Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
Креативни деца за успешна и убава општина.
Малата Михаела Секулова дојде кај мене со иницијатива за селекција на пластични капачиња кои таа и нејзиното семејство веќе ги селектирале.
Идејата беше да има таков контејнер во нејзиното училиште Сандо Масев.
Денеска благодарение најмногу нејзино, но и на општествено одговорната компанија Интер Метал Мет идејата на Михаела е реализирана.
Овој пристап ќе биде применет во сите училишта, ова нека биде поттик за сите граѓани слободно да ги споделувате вашите идеи со мене.
Оти кај мене зборот е збор!