Home

Perdormire
Спорт Струмица

МАКСПОРТ: ГОСПОДА ОД ФФМ – ГОРАН ПАНДЕВ ЗАСЛУЖУВА ДА МУ СЕ ПОКЛОНИТЕ, А НЕ ДА ГО ИГНОРИРАТЕ!

Home

МАКСПОРТ:

Европа, фудбалските клубови, соиграчите со почит и објави посветени нему го испраќаат во пензија, фудбалскиот мајстор, човекот без дамка на неговата кариера, големиот професионалец, ГОРАН ПАНДЕВ!

Всушност сето тоа е нормално ако имаме предвид, дека зборуваме за човек кој освои буквално се што можеше да освои, ако знаеме дека тоа е човекот што ја однесе Македонија на Европско првенство.
Повеќе од јасно е дека односите помеѓу Пандев и раководството на ФФМ се лоши, јасно е дека Пандев инсистираше Ангеловски да остане селектор и разбирливо е тоа што неговите реакции гласни. НО, НИКАКО НЕ Е РАЗБИРЛИВО КАКО ФФМ УСПЕА ДА ГО ЗАБОРАВИ ПАНДЕВ.

НАЈДОБРИОТ ИГРАЧ ВО НАШАТА ИСТОРИЈА, НАЈДОБРИОТ СТРЕЛЕЦ ВО НАШАТА ИСТОРИЈА, ЧОВЕКОТ КОЈ СО СВОЈОТ ПОГОДОК ЈА ОДВЕДЕ МАКЕДОНИЈА НА ЕВРОПСКО, ПРВИОТ СТРЕЛЕЦ НА КОНТИНЕНТАЛЕН СОБИР, ДОЛГОГОДИШЕН КАПИТЕН И ЛИДЕР – ЗАСЛУЖУВА ПОЧИТ!

ФФМ досега требаше да покрене постапка, стадионот да се именува по ГОРАН ПАНДЕВ!

СУЕТАТА И ЕГОТО ЧУВАЈТЕ ГИ ВО КАНЦЕЛАРИЈА, ПАНДЕВ ЗАСЛУЖУВА ГОЛЕМА ПОЧИТ И СПЕКТАКУЛАРНО „ЗБОГУМ“ ОД РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ ДРЕС.