МАКЕДОНСКО ДРУШТВО ВО ШВАЈЦАРИЈА ОРГАНИЗИРА ПРЕДНОВОГОДИШЕН ТУРНИР ВО ФУТСАЛ ВО ВИНДИШ, КАНТОН АРГАУ!

ноември 18, 2022

МАКЕДОНСКО ДРУШТВО ОД ВИНДИШ, ШВАЈЦАРИЈА:

Драги пријатели, браќа и сестри македонци. Припремите за футсал турнирот на 11.12.2022 се во полн ек. Цел ни е тој ден да го направиме незаборавен. Ден со убав фудбал, многу дружење и прекрасна забава. Планираме многу изненадувања и активности за сите гости. Чест ни е некои да споделиме со Вас.

Најпво околу натпреварувачкиот дел мораме за жал да Ве информираме дека и покрај големиот интерес моравме да го ограничиме бројот на ученсиците на 20 екипи кои ќе бидат поделени во четири групи. Бројот е пополнет, па со жалење мораме да Ве информираме дека не се можни пријави на нови екипи.

За забавата на гостите ќе се погрижи „Брутал бенд“. Прекрасни дечки кои знаат да направат прекрасна забава, џумбус што би рекле постарите. Делот за гостите ќе биде во холот на салата, кој е огромен, и ќе биде одделен од натпреварувачкиот дел.

Менито кое ќе Ви го понудиме ќе биде скоро исто како во летниот турнир. Ќе имаме разновидна скара, се прекрасни македонски специјалитети. Турнирот се организира за време на божиќните пости, па затоа за луѓето кои постат ќе има Тавче-гравче. И тие што не постат ќе може да го вкусат со вкусни колбаси. Ќе имаме и секакви пијалоци. Ќе има Скопско, Струмка, Тиквешка…
Ќе имаме и специјален гостин. Тука ќе биде нашата македонска гордост во Швајцарија, шампионот Даниел Стефановски со својот Фан клуб.
Очекувајте многу повеќе!

Затоа на вашата агенда резервирајте ја неделата, 11.12.2022 за да се дружиме на Футсал турнирот Windisch 2022 во Sportsausbildungszentrum Mülimatt во Виндиш, Кантон Аргау.

Ве очекуваме!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ