strumica denes logo

Македонските граѓани се повеќе купуваат имот на море во Грција

Автор:

Датум:

август 11, 2023

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

август 11, 2023

Категории:

Струмица

Расте интересот на македонците да купат имот во Грција. Високите цени за метар квадратен во земјава ги натераа граѓаните вишокот пари да го вложат во соседството.

Се бара квадрат плус во туристичките места, но и во центарот на Солун. Ако во Скопје метар квадратен се продава за 2,000, на Хилкидики може да се најде до 1,600 евра. Атрактивен за македонците е и Солун, но и Софија, каде цените се уште пониски отколку во Грција, велат од агенциите за недвижнини.

Квадрат во центарот на Солун без проблем може да се купи за 2,000 евра, плус може да се договораме околу цената. Додека во Софија се поевтини. Квадрат се продава 1500 – 1,600 евра., изјави Боби Митровски, Агенција за недвижности/

Изминативе две години цената на новоградбите во главниот град урива рекорди. Се продава за 60 до 70% поскапо, или од 1,100 евра сега квадрат се продава 1,800 до 2,000 евра.

Во останатите земји во Европа, толкав скок на цените нема. Становите во метрополите поскапеа најмногу до 15%. Сегашните цени македонскиот стандард не може да ги издржи. Затоа се очекува пад до крајот на годината.

Надолни цени на недвижните во земјава најавија и од ПУИГ. Во Европа, пак , се очекува пораст од околу 9% во следните 10 години, пред се поради зголемената побарувачка, а малата понуда.

Во Германија на пример недостасуваат 700 илјади станови, а германската влада најави дека ќе се градат 400 илјади.