strumica denes logo

Македонски војници ќе имаат воени вежби во зимски услови во Црна Гора

Автор:

Датум:

јануари 24, 2023

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

јануари 24, 2023

Категории:

Струмица

Меѓународната воена вежба „Заеднички предизвик 23“ ќе се одржи во Црна Гора од крајот на јануари до средината на февруари. Министерството за одбрана соопшти дека вежбата чиј домаќин ќе биде Армијата на Црна Гора, ги обединува вооружените сили на повеќе земји, јави РТЦГ.

„На вежбата ќе учествуваат повеќе од 250 припадници на вооружените сили на Црна Гора, Австрија, Италија, Македонија, САД и на Центарот на НАТО за планинско војување. Тие заеднички ќе ги зајакнат своите способности за спроведување борбени и спасувачки операции на планински терен, во зимски услови“, се вели во соопштението.

Активностите за време на вежбата ќе се изведуваат на територијата на општина Колашин.