strumica denes logo

ЛЕТНОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО ЗАПОЧНУВА ОД УТРЕ

Автор:

Датум:

март 25, 2023

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

март 25, 2023

Категории:

Струмица

Летното сметање на времето ќе почне в недела во 02:00 часот, при што стрелките на часовникот треба да се поместат еден час нанапред, односно од 2 на 3 часот. Летното сметање на времето ќе биде на сила до 29 октомври, во 3 часот.

Преминувањето на летно и зимско сметање на времето за првпат е направено во 1916 година, во земјите на северот на Европа, поради заштеда на енергија.

Летното сметање на времето во поранешна Југославија, а со тоа и во Македонија, е воведено на 27 март 1983 година.

Од 2002 година Европската Унија, како и другите земји во Европа, одредија дека почетокот на летното сметање на времето почнува последната недела од март и завршува последната недела од октомври, кога стрелките на часовникот се враќаат еден час наназад.