strumica denes logo

КУД „Кирил и Методиј“ од Иловица во септември ќе настапат на меѓународен фестивал во Бугарија!

Автор:

Датум:

август 26, 2021

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

август 26, 2021

Категории:

Струмица

Културно уметничкото друштво (КУД) „Кирил и Методиј“, каде членуваат млади од селата Иловица и Штука, се подготвува за настап на меѓународен фестивал во Неделино, Бугарија што се одржува од 3 до 5 септември годинава. Настапот на 20-отНационален фолклорен фестивал за танцување и пеење во Неделино, годинава е поддржан од ЕуромаксРесоурцес, компанијата што го развива проектот за рудник за бакар Иловица – Штука.

„Со околу 20-тина млади на возраст под 18 години следната недела ќе настапиме на меѓународен фестивал за танцување и пеење, каде во присуство на учесници од осум држави, како Турција, Украина, Унгарија, Албанија или Романија ќе го претставиме македонскиот фолклор и традиција. Годинава поддршка за овој фестивал, како и за уште еден што ќе се реализира подоцна, обезбедивме од Еуромаксресоурцес, со кои имаме континуирана соработка“, вели Маријан Стоев од КУД „Кирил и Методиј“.
Соработката на друштвото со Еуромакс почна во 2018 година, а една од тие соработки беше и обезбедување на помошна просторија каде друштвото ги чува стекнатите дипломи и признанија како и целокупна опрема со која располага.

„Месецов одлучивме да им помогнавме со обезбедување финансиски средства неопходни за покривање на транспортните трошоци за учество и настап на два меѓународни фестивали – Неделино, Бугарија и „OpojaVallezon“, Косово. Искрено сме воодушевени од огромната доза на позитивна посветеност и чиста љубов која овие млади луѓе ја манифестираат преку активноста во нивното културно-уметничко друштво. Таквиот ентузијазам и нас нẻ мотивира во идниов период уште почесто и со нови форми на соработка да ја поддржуваме нивната благородна мисија“, информираат од Еуромакс.

Друштвото во 2015 година е основано од група млади ентузијасти од Иловица во 2015 година, кои преку значењето на традиционалните вредности и љубовта кон фолклорот виделе лична мотивација и можност за збогатување на социјалниот живот на младите во селото. Реализирајќи ја идејата и визијата за градење на културно-уметничко друштво, во текот на своето седумгодишно активно постоење тие имаат одржано повеќе од 10 концерти, учествуваат на национални и меѓународни културни настани и натпревари освојувајќи бројни награди и признанија. Од минатата година, КУД „Кирил и Методиј“ – Иловица е член на „Сојузот на фолклорни Ансамбли на Македонија“ кој е дел од Интернационалниот Сојуз на фолклорни ансамбли „CIOFF“ (InternationalCouncilofOrganizationsofFolkloreFestivalsandFolkArts).