Потребни состојки:
- 600g пилешки стек;
- 2 лажички сол;
- 2 јајца;
- Лажичка сенф;
- Лажичка брашно;
- 100g сусам;
- 100g презла.
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на 200 степени Целзиусови;
- Пилешкото месо се сечка на тенки ленти и се посолува;
- Во длабок сад се мешаат 2 јајца, лажичка сенф, лажичка брашно, а во друг сад се мешаат презлата, сусамот и една лажичка сол;
- Секоја лента месо прво се валка во сосот од јајца и сенф, а потоа се валка во презла и сусам;
- Лентите се редат на плех обложен со хартија за печење и се печат околу 25 минути на температура од 200 степени или додека не добијат златно-кафеава боја.