Ковачевски: Солидарни сме, ќе има мерки за најранливите граѓани во Македонија!

октомври 8, 2022

„За најранливите категории на граѓани во моментов работиме на пакет мерки кои ќе се финансираат од буџетот за директни финансиски средства, да може да имаат дополнителен финансиски приход со кој ќе можат полесно да се справат со кризата“ рече премиерот Димитар Ковачевски во „Клик плус“ на ТВ21.

Тој додаде дека целото општество треба да покаже солидарност и дека државата не треба да финансира изобилие или профит, туку да финансира солидарност кон најранливите.

„Се обидуваме да ја одржиме куповната моќ на граѓаните преку пакетите на мерки, но сите мора да разбереме дека сме во најтешката криза по Втората светска војна“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека инспекторите ќе продолжат да ги контролираат трговците кои не ги почитуваат замрзнатите маржи на основните производи и дека за секое прекршување ќе следуваат казни и корекции.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ