КОСТАДИНОВ: Верувам во мултиетничкиот карактер на општина Струмица иако поединци од опозицијата ме обвинуваат зошто инвестираме во Турското маало!

мај 21, 2023

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Зборот е збор!

Го слушаме гласот на граѓаните и ги реализираме нивните барања.

Жителите од моето Турско маало бараа да има мултифункционално спортско игралиште каде што ќе можат дечињата да имаат различни спортски активности.

Првиот чекор е направен. Заврши расчистувањето на запуштениот и узурпиран терен на којшто се наоѓаше некогашната маларична болница, дивоградбите околу неа и целокупниот отпад.

Убеден сум дека ќе ја имам поддршката од голем дел од советниците за обезбедување 6 милиони денари од општинскиот буџет за ова прекрасно место стане уште поубаво, со спортското игралиште, паркингот за автомобили, но и на барање на црквата Свети 15 и на џамијата, паркинг за автобуси затоа што имаме огромен број на посетители и во двата објекта.

Многу поединци, најчесто од опозицијата ме обвинуваат зошто инвестираме во Турското маало?

Нема да ме предомислат затоа што искрено верувам во мултиетничкиот карактер на општина Струмица и силно верувам во нашата визија дека Струмица треба да биде град со еднакви можности за сите и за Македонците, Турците, Ромите, Србите и за сите етнички заедници коишто живеат во нашата преубава Струмица.

Таквата грижа за сите, како принцип на менаџирање со многу силна општина каква што е Струмица, ќе ме води до крајот на мојата политичка кариера.

Од срце за едно од најубавите струмички маала – Турското маало ❤️

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ