КОСТАДИНОВ: Се соочуваме со проблемот со бездомни кучиња, застанувам позади тимот на стационарот Лана од Струмица – Продолжете со вашата работа!

октомври 20, 2022

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Јас сум човек кој ги сака животните, јас сум градоначалник кој од празна зграда успеавме со мојот тим да направиме функционален стационар за бездомни кучиња за една година.

Јас и граѓаните се соочуваме со проблемот со бездомни кучиња во огромен број и јас како одговорен човек го решавам тој проблем!

Во овој момент целосно застанувам позади тимот на стационарот Лана од Струмица како единствена општина во Македонија со свој сопствен стационар со свое сопствено јавно претпријатие.

Јас како градоначалник ќе повторам ги сакам животните ама повеќе ги сакам луѓето и нема да дозволам бездомни животни, глутници од кучиња да шетаат низ градот и во огромен дел од случаите да имаме каснувања на деца, млади и возрасни граѓани.

Затоа поддршка на целиот тим на стационарот, продолжете со вашата работа!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ