КОСТАДИНОВ: Осум пожарникари од Струмица ќе заминат во спасувачка мисија во пријателска Турција!

февруари 6, 2023

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Потресен сум и неизмерно тажен од вознемирувачките информации за разорниот земјотрес кој рано наутро ги погоди југоисточниот дел на Турција и Сирија. Таквите катастрофи, само ни укажуваат на фактот колку е немоќно човештвото пред моќта на природата и нејините законитости. Но, во исто време, таквите случувања ни даваат до знаење колку треба да бидеме хумани и одговорни пред големите предизвици, да бидеме луѓе за луѓето.

Општина Струмица преку Територијалната професионална противпожарна единица – Струмица подава рака за погодените од катастрофалниот земјотрес во Турција. Осум пожарникари од ТППЕ Струмица, припадници на тимот за пребарување и спасување од урнатини (USAR тим), кој е во состав на републичките сили за заштита и спасување при Владата на Република Македонија, ќе заминат во спасувачка мисија во пријателска Турција, со надеж и уверување дека ќе им помогнат на настраданите во земјотресот. Нашите пожарникари се специјално обучени за вакви непогоди и имаат искуство од земјотресот во Албанија.

На сите граѓани од Турција и Сирија, особено на оние од погодените подрачја од земјотресот, им изразувам најдлабоко сочувство за големите човечки и материјални загуби. Нека е Господ со нив и сите човекољубиви луѓе на овој свет. Никогаш повеќе да не се повторат такви катастрофи.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ