КОСТАДИНОВ: Општина Струмица, заедно со граѓаните, чекори напред во заштитата на животната средина и селекцијата на отпад!

април 5, 2023

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Општина Струмица, заедно со граѓаните, чекори напред во заштитата на животната средина и селекцијата на отпад.

Таква беше констатацијата на денешниот граѓански форум кој се одржа во нашиот град, на тема: „Селекција на отпад за почиста животна средина“, во организација на „Зелен институт“.

Ми беше задоволство да ги споделам со присутните искуствата на Општина Струмица во поглед на управувањето и селектирањето на отпад, истакнувајќи ги петте активности кои на тој план ги презедовме во последните два месеци, како и мојата неодамнешна посета на Љубљана, во рамките на која го посетив и Регионалниот центар за управување и селектирање на отпад.

Современа Струмица заслужува современ пристап во управувањето со отпад.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ