КОСТАДИНОВ: Носиме многу важен документ за младите во Струмица во партнерство со Центарот за истражување и анализи НОВУС!

ноември 7, 2022

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Носиме многу важен документ за младите во Струмица во партнерство со Центарот за истражување и анализи НОВУС.

Денеска ја одржавме првата работилница за изработка на Локалната Стратегија за млади на општина Струмица 2023-2027 година на која се разговараше за моменталната состојба на младите и се дефинираа визијата и мисијата за млади во Општината.

Целта ни е заедничка – Струмица да биде Општина на младите. Колку повеќе ги вклучуваме во општинските процеси и ги јакнеме нивните позиции во општеството, толку повеќе ќе расте желбата кај нив да останат тука, да го развиваат својот потенцијал и да бидат исполнети и среќни.

За мене, поддршката на младите е инвестиција и ресурс за економски развиена, европски структуирана и убава Струмица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ