strumica denes logo

КОСТАДИНОВ: Бидете ми весели, среќни и исполнети со Божја милост!

Автор:

Датум:

јануари 6, 2023

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

јануари 6, 2023

Категории:

Струмица

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Драги мои сограѓани возљубени во Христа,

Една македонска народна поговорка вели: „Кај и да си, за Бадник дома да си“. Убав е овој ден кога се собираме крај родното огниште и со радост го чекаме утрешниот голем празник, еден од двата најголеми христијански празници во кој го славиме Рождеството Христово.

Бадник, нашиот семеен собир, ни дава до знаење дека треба да бидеме будни, будејќи ја и душата во нас , за да биде Витлеемска пештера во која повторно ќе се роди нашиот спасител Исус Христос.

Бидете ми весели, среќни и исполнети со Божја милост. Вашата посна трпеза нека е богата, но уште побогати нека ви бидат срцата, исполнети со љубов кон Христа.

Честит и вековит нека е Бадник!