Home

Perdormire
Струмица

КОСТА КОСТАДИНОВ: Започнуваме со интензивни консултации со сите граѓани за подготовките за носење на Буџетот на општина Струмица – Сите предлози на граѓаните ги земаме во предвид!

Home

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Како што ветив пред граѓаните за време на кампањата, нема чекање, веднаш го реализираме првото клучно ветување, го слушаме гласот и потребите на граѓаните.

Од денеска со советниците, со мојот тим започнуваме со интензивни консултации со сита граѓани за подготовките за носење на Буџетот на општина Струмица за следната година.

Заедно со советниците во идниот Совет на општината ќе го посетиме секое наделено место, секоја улица и заедно со граѓаните ќе ја креираме распределбата на Буџетот за идната година.

Ќе ги прашаме граѓаните, струмичани што е приоритет за нив. Тоа што ќе го кажат ќе влезе во Буџетот и силно ќе го поддржам јас како градоначалник и советниците на СДСМ.
Ќе ги прашаме граѓаните од секое маало од секоја улица кој конкретен проекти треба да се финансира или каде треба да се насочат дел од парите на општинскиот буџет во следната година.

Сите предлози на граѓаните ги земаме во предвид, ги анализираме и оние кои се реални, кои се остварливи ќе влезат во програмата и буџетот за следната година.
Како што ветив и во кампањата, ние како идна општинска администрација Буџетите ќе ги носиме заедно со граѓаните, следејќи ги нивните потреби.
Денеска, тоа изборно ветување го остваруваме.

Ова е нов стандард на отвореност и инклузивност. За првпат во една општина во Македонија токму граѓаните на Струмица ќе бидат тие кои ќе го креираат Буџетот за следната година, а со тоа и правецот на развој на своето населено место, на својата општина.

И ова е само почеток, во следните четири години заедно со граѓаните ќе работиме на развој, на напредок на нашата Струмица, за таа да стане уште поатрактивно место за живеење, да стане град со уште повеќе можности за младите.