Коста Костадинов: Струмица преку Венеција до цел свет – Ја почнуваме постапката за збратимување!

февруари 25, 2022

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Ја почнуваме постапката за збратимување со Венеција. Ќе вложиме максимални напори да направиме формална соработка со метрополата Венеција. Имаме многу точки на соработка, Струмичкиот карневал е една од нив, како и средновековието. Денеска на состанокот со претседателката на советот на Венеција, Ермелинда Дамиано разговаравме за многу аспекти и можности за соработка помеѓу нашите градови. Струмица преку Венеција до цел свет. Отвараме ново успешно поглавје мои сограѓани. Струмица ќе биде афирмирана во цел свет.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: