Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
Ја почнуваме постапката за збратимување со Венеција. Ќе вложиме максимални напори да направиме формална соработка со метрополата Венеција. Имаме многу точки на соработка, Струмичкиот карневал е една од нив, како и средновековието. Денеска на состанокот со претседателката на советот на Венеција, Ермелинда Дамиано разговаравме за многу аспекти и можности за соработка помеѓу нашите градови. Струмица преку Венеција до цел свет. Отвараме ново успешно поглавје мои сограѓани. Струмица ќе биде афирмирана во цел свет.