КОСТА ЈАНЕВСКИ: СТРУМИЦА НАБАВУВА ПОВЕЌЕНАМЕНСКО ВОЗИЛО КОЕ ЌЕ СЕ КОРИСТИ ЗА ПОПЛАВИ И ШУМСКИ ПОЖАРИ!

септември 18, 2020

Градоначалникот Коста Јаневски на вчерашната прес конференција информираше за проектните активности на проектот „Заштита на локалното население од општините Петрич и Струмица од природни катастрофи и катастрофи предизвикани од човекот”, кој е финансиран од фондовите на Европската Унија преку ИНТЕРРЕГ – ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија.

Во проектот предвидено е набавка на модуларен систем, односно, повеќенаменско возило со голема проодност, кое ќе се користи за поплави и шумски пожари и ќе овозможи зголемена безбедност и заштита на населението, како и подобрена институционална подготвеност за заштита и спречување на природни непогоди и катастрофи. Постапката за набавка е во завршна фаза и очекуваме дека до јануари следната година ова повеќенаменско возило да биде ставено на располагање на надлежните институции при општина Струмица.

Другиот дел од проектот е насочен кон подигање на свеста кај младите лица и општо на пошироката јавност со цел спречување и управување со ризици од катастрофи и непогоди, последиците од климатските промени, како и превенција и справување со кризни ситуации.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ