КОСТА ЈАНЕВСКИ: СПОРТСКАТА САЛА ВО „НИКОЛА ВАПЦАРОВ“ СЕ ГРАДИ СПОРЕД ПЛАНИРАНАТА ДИНАМИКА!

октомври 4, 2020

Градоначалникот на општина Струмица-Коста Јаневски, објави дека спортската сала во „Никола Вапцаров“ се гради според планираната динамика. Спортскиот објект опфаќа површина од 1.200 метри квадратни и се гради по современи стандарди за ваков тип на објекти и во него ќе може да се реализираат повеќе спортски активности.

„Здравјето на нашите најмлади сограѓани е наш приоритет, затоа што тие се иднината на нашата општина и држава“. – напиша тој.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ