„КОМУНАЛЕЦ“ – СТРУМИЦА ОВОЗМОЖИ ДА ГИ ПЛАЌАТЕ ВАШИТЕ СМЕТКИ ОНЛАЈН!

јуни 24, 2020

ЈПКД „Комуналец” Струмица по барање на голем број корисници овозможи ОНЛАЈН плаќање на комуналната сметка.
Се што треба да направите е да ја посетите страната www.ekomunalec.24×7.mk/ да го внесете бројот на баркодот на вашата сметка и вашиот е-маил на кој ќе добиете потврда дека сметката е платена.
За сите прашања во врска со онлајн плаќањето можете да се обратите и на e-smetka@komunalec-strumica.com.mk и во најскоро време ќе добиете одговор.
До страната за онлајн плаќање можете да дојдете и преку копчето поставено на нашата веб страна www.komunalec-strumica.com.mk

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: