„Комуналец“-Струмица ќе плаќа 1,2 милиони евра за чистење на градот!

ноември 29, 2019

Повеќе од милион евра, поточно 1,173,562 евра, ќе потроши Струмица за чистење на градот.

Според Бирото за јавни набавки, ЈПКД Комуналец – Струмица ќе му плати 72,174,060 денари на Друштвото за производство, трговија и услуги ДАСМАК ДООЕЛ увоз-извоз Струмица.

Во описот за тоа каква услуга ќе добие за возврат комуналното друштво, се вели „Услуги во врска со отпадни води, отпадоци, чистење и животна средина“.

Договорот е склучен на 25 ноември, а ќе важи во период од една година.

Во листата за јавни набавки нема слична нарачка од ниту една друга општина годинава.

Комуналец од Струмица досега двапати соработувал со фирмата „Дамаск“ и во двата случаи за набавка на метални контејнери.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: