КОМУНАЛЕЦ-СТРУМИЦА: Благодарение на наши граѓани, повторно се појави депонија во Индустриска зона – Север!

октомври 20, 2022

КОМУНАЛЕЦ-СТРУМИЦА:

Точно 15 дена од чистењето на депонијата во индустриска зона север денес наутро благодарение на наши граѓани истата повторно се појави. ЈПКД Комуналец пак започна со чистење трошејки време пари и ресурси за работата што беше завршена Да затоа работиме за отстранување на депониите, за почиста животна средина. И неможеме да сватиме која е целта на овие граѓани кои упорно прават нови депонии на истите места враќајки не назад уништувајки го онаа што сме го сработиле, многукратно зголемувајки ги трошоците што на крајот ги плакаат тие самите. Со вакво однесување на поединци никогаш нема да добиеме чиста животна средина за која секојдневно работиме, поубаво и почисто место за живот кои сите го пропагираме и посакуваме.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ