Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ работи на нова атмосферска канализација на улицата „Атанас Караман” во Струмица. Се поставуваат цевки со димензија Ф-400, а истовремено се врши и реконструкција на сливниците. Со реализацијата на овој проект ќе се опфатат површинските води во овој дел на градот, со што при обилни врнежи ќе се реши проблемот со поплавувањето и движењето на возилата по улицата.
„КОМУНАЛЕЦ“ РАБОТИ НА НОВА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦАТА „АТАНАС КАРАМАН“ ВО СТРУМИЦА!
