Home

Perdormire
Реклама Струмица

„Комесар за Иселување???“ – Еуромакс Корпоративен Магазин „ВИСТИНА“ – Второ Издание!

Home

„Комесар за Иселување???“
Еуромакс Корпоративен Магазин „ВИСТИНА“ – Второ Издание

МИТ #6: Принудно ќе се дислоцираат и раселат околните живеалишта, ќе се одземе дел од постојните површини на обработливо земјоделско земјиште и ќе се „уништи” иднината на младите генерации од регионот (!?).

ВИСТИНА: Никогаш немало потреба ниту да се спомне некакво дислоцирање и раселувањена околните живеалиштаили загуба на постојно обработливо земјиште. Напротив, рударскиот комплекс, со диверзифицирана понуда на редовно и добро платени работни места, за локалното население ќе создаде услови за многу посветла иднина за целиот под Огражденски и Струмички регион. Ова објективно ќе влијае за брзо и ефикасно намалување на долгогодишниот незапирлив тренд на економски мотивирана миграција. За жал, бруталната реалност секојдневно нẻ соочува со фактите за девастирачките последици од „белата чума“… Вие најдобро знаете дека речиси и нема семејство кај кое дел од нивните најблиски роднини, комшии и пријатели не се веќе иселени во некоја од развиените земји на ЕУ, Америка или Австралија! Што е уште позагрижувачко и последен аларм за сите нас е фактот што еден голем дел од помладата генерација отворено потврдува дека тука не гледаат реална перспектива и затоа планираат во блиска иднина да се иселат во странство, барајќи услови за поквалитетен живот.

Со тага во очите и растреперен глас, родителите и повозрасните емотивно говорат – „Не сакаме нашите деца и понатаму да се иселуваат барајќи шанси за подобар живот во други држави. Сите сакаме нашите фамилии повторно да се соединат тука во нашиот крај, на нашето земјиште кое, ако продолжи вака, уште кратко време нема веќе да има кој да го обработува… Сакаме нашите внуци да учат во школо на нивниот мајчин јазик а младите да формираат семејства тука доколку имаат реални можности за работни места, достоинствени плати и неопходни социјални погодности!”

Почитувани Пријатели, сигурни сме дека сите ќе се согласите дека колку и горниве редови да звучат болно и патетично, за жал тоа е СУРОВАТА РЕАЛНОСТ! Таквата реалност не може никако и никогаш да се промени кон подобро доколку и понатаму дозволуваме да бидеме заведувани и заплашувани со неуки и деструктивни пароли за апокалиптични сценарија. Кочничарите на развојот манипулативно ги обединуваат трите зла кои некако секогаш одат заедно – Незнаењето, Примитивизмот и Површноста. Овие локални „Јавачи на Апокалипсата”, со апсолутно нејасна и контроверзна мотивација, го „гмечат” јавното мислење како тесто со додаден отровен квасец и не ни даваат конечно да се одлепиме од бедата и сиромаштијата на „џепот“ и духот. Не смееме да им дозволиме, со ваква неподнослива леснотија и крајна исклучивост, да ни ја “убиваат” иднината за генерациите кои стасаа во 21–от век.

Ајде сите заедно да ги отфрлиме вкоравените предрасуди и песимистичкото чувство на губитници и судбински страдалници од памтивек кои ете никој не ги сака а странските инвеститори само ги искористуваат за нивни лукративни цели.

Секој рационален човек знае дека за да постигне подобри и поинакви резултати, за прогрес кон поквалитетни животни услови, неопходни се конкретни активности и дела. Само големи инвестициски проекти, отворање на нови капацитети во реалното стопанство, производство и извоз можат брзо да создадат услови за позитивни промени и напредок.

Драги Пријатели, светот незапирливо оди напред и постојано се менува, што наметнува неопходна потреба од наша адаптибилност за да ги препознаеме и прифатиме „промените” како МОЖНОСТИ за ЗАЕДНИЧКИ УСПЕХ! Да не заборавиме дека врвен чин на вистински патриотизам е да си подготвен да ЖИВЕЕШ за својата држава и да ЖИВЕЕШ ВО СВОЈАТА ДРЖАВА! Искрените патриоти се исполнети со позитивна енергија и секогаш даваат максимум од своите интелектуални и професионални капацитети несебично да придонесат за подобар живот за нив, нивните семејства и нивните сожители.

Прочитајте го целиот Корпоративен Магазин „Вистина“ на следниот линк https://bit.ly/EuromaxMagazine2