Кои уреди трошат струја и кога не се вклучени?

јули 18, 2023

Со цел да се заштеди електрична енергија, луѓето сè повеќе ги исклучуваат светлата и апаратите секогаш кога тие не се во употреба. Тоа е одлична стратегија, бидејќи оставањето на уредите вклучени, непотребно ја троши електричната енергија, а тоа води до зголемување на вашите сметки.

Сепак, исклучувањето на уредот не е секогаш доволно – многу апарати „црпат“ струја дури и кога се исклучени, ако напојувањето е вклучено.

Овие 6 уреди се „најризични“ во тој поглед

Телевизија
Ако имате модерен телевизор со LED осветлување, ќе трошите многу помалку струја отколку кога би користеле старомоден уред. Сепак, дури и кога е исклучен, но приклучен во струја – овој телевизор продолжува да троши, па затоа е паметно да го исклучите кога не го користите.

Компјутери
Ако го оставите компјутерот вклучен во струја во текот на ноќта, тој продолжува да троши електрична енергија дури и кога екранот е црн, а компјутерот неактивен.

Телефон
Честопати ги полниме батериите на мобилните телефони преку ноќ, што впрочем е лоша идеја. Веројатно ќе се наполни за час или два, а потоа ќе продолжи да троши струја во текот на ноќта, иако повеќе не му треба.

Апарати за кафе и микробранови печки
Иако не трошат многу енергија, овие уреди користат електрична енергија за дигиталните дисплеи дури и кога не се во употреба.

Традиционални ламби
Ако имате вклучена ламба, таа црпи дополнителна енергија дури и кога светлото е исклучено. Значи, доколку повеќе не ви е потребна, задолжително извлечете го кабелот и сметките ќе ви бидат помали.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ