Perdormire
Струмица

КАПА ДОЛЕ: „Бисер“ и „Поинт“ му го разубавија роденденот за прв пат на Ербе, момчето кое секојдневно го гледаме низ струмичкиот плоштад!

Ербе е момчето кое секојдневно го гледаме низ струмичкиот плоштад…Културен и мирен, без да прави проблеми. Младите кои секојдневно пијат кафе низ кафулињата велат дека тој е пример како треба да се однесуваат останатите. Неодамна Ербе го прослави својот роденден, но овојпат во друштво на „Бисер“ и салонот за убавина „Поинт“. Санја Петрова која е вработена во „Бисер“ вели дека Ербе заслужува големо внимание бидејќи е прекрасно момче. „Ние сме уште посреќни што му го разубавивме роденденот“– вели таа. Среќен роденден и од нас Ербе!