strumica denes logo

Како да ја оптимизираш твојата онлајн продавница? 10 практични совети од SmartClick – Web & SEO Агенција!

Автор:

Датум:

февруари 28, 2022

Автор:

Датум:

февруари 28, 2022

Во последно време онлајн продавниците направија вистински бум на пазарот. Пред почетокот на пандемијата, гигантите како Amazon и AliExpress беа најпопуларни помеѓу купувачите. Во меѓувреме многу надежни претприемачи ја увидоа можноста да отворат своја сопствена онлајн продавница и да продаваат на заинтересираните купувачи во Македонија.

Тука се исто така и веќе докажаните брендови кои освен физичките продавници на повеќе локации низ земјата, ги оптимизираа своите онлајн продавници и се фокусираа на продажбите преку Интернет.

Сето тоа носи до еден заклучок:

Ако сакате да имате успешен бизнис во областа на е-трговијата морате да имате привлечна, функционална и оптимизирана веб страница.

SmartClick – Web & SEO агенција им помага на ваквите бизниси веќе 4 години како компанија чиј тим има повеќегодишно искуство во индустријата. Со седиште во Струмица, SmartClick работи за интернационални клиенти, а воедно и се обидува да им помогне и на македонските бизниси кои се дел од е-трговијата да го разберат маркетинг потенцијалот што го нуди Google, како канал за привлекување на купувачи кои веќе покажале интерес за одреден продукт.

Ако и Вие сте дел од тој пазар, искористете ги следните совети подготвени од тимот на SmartClick што ќе Ви помогнат да ја подобрите Вашата онлајн продавница.

1. Направете ја mobile-friendly: прилагодена да се користи на мобилен телефон или таблет бидејќи се поголем и поголем е бројот на купувачите преку паметен уред.
2. Овозможете лесен check-out процес: купувачот да може со неколку чекори да го заврши купувањето без да заглави и да ги остави продуктите во кошничката.
3. Оптимизирајте го времето на вчитување на страницата – колку е побрза, толку подобро ќе биде оценета од Google и прифатена од купувачите.
4. Оптимизирајте ги страниците за категории и продукти со соодветен описен текст кој ќе ги содржи релевантните клучни зборови (фрази кои купувачите ги користат при пребарување на Google).
5. Промоциите и специјалните попусти претставете ги во главниот дел на почетната страница за да можат веднаш да го привлечат вниманието на купувачот.
6. Користете високо квалитетни слики од продуктите, но задолжително оптимизирајте ги во соодветна големина за да не зафаќаат голем дел од страницата, во спротивно негативно ќе влијаат на нејзината брзина.
7. Повикајте на итност и на секоја страница стави копче CTA (call to action). Пример: Купи веднаш / Зграпчи ја понудата сега, итн. за да го убедите купувачот да кликне.
8. Покажете дека е безбедно да се купува од вашата страница со тоа што ќе ставите беџови (trust seals) од безбедносни или компании за извршување наплата со кои соработувате.
9. Подобрете ја поддршката за корисници со live chat, контакт страница збогатена со точни информации, врска до профилите на социјалните мрежи, и транспарентност во врска со доставата, враќање на продуктите и рефундација, како и ДДВ политиката на продавницата.
10. Поставете Google My Business сметка за да може Вашииот бизнис да се покажува во локалните резултати на резултатите од пребарувањата на Google.

Придобивките од оптимизацијата на онлајн продавницата се огромни: ќе им понудите на купувачите одлично шопинг искуство, ќе ја развиете нивната доверба кон вас како бренд, ќе ги подобрите продажбите како и органскиот сообраќај кон продавницата преку Google.

Интересна е проценката која вели дека до 2040та година 95% од сите продажби на светско ниво ќе бидат направени онлајн.

Иако во Македонија трендовите стигнуваат подоцна, онлајн трговците што сега ќе ја оптимизираат својата онлајн продавница ќе бидат во голема предност пред своите конкуренти кога купувањето преку онлајн ќе стане број еден начин на купување.