Home

Perdormire
Струмица Хроника

КАЈ ДВАЈЦА СТРУМИЧАНИ ПРОНАЈДЕНА 400 КИЛА БАКАРНА ЖИЦА!

Home

На 23.02.2022 во 17.50 часот во Полициската канцеларија Богданци бил извршен службен разговор со А.Ш.(42) и Е.Ш.(23), двајцата од Струмица. Претходно, околу 17.15 часот на место викано „Каменот“, на излез од Богданци, полициски службеници извршиле преглед во возило „фиат дукато“, со валандовски регистарски ознаки, кое го управувал А.Ш, а сопатник бил Е.Ш., при што биле пронајдени осум вреќи со бакарна жица со вкупна тежина од над 400 килограми, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.