КАБИНЕТОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПОЛН СО ДЕЧИЊА: ПРВАЧИЊАТА ОД МУРТИНО СЕ ДРУЖЕА И РАЗГОВАРАА СО КОСТАДИНОВ!

октомври 4, 2022

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Драги гости денеска ми го наполнија кабинетот и ми го разубавија денот.

Со првачињата од основното училиште во Муртино се дружевме и разговаравме за другарството како дел од детската среќа, што е мото на одбележувањето на Детската недела.
Ми ги пренесоа и нивните впечатоци од почетокот на новата учебна година, а беа љубопитни и за мојата работа и други теми.

На сите првачиња од општина Струмица им ја честитам Детската недела и почетокот на учебната година со желба за успех во учењето и весело и среќно детство.

Тие се нашата радост, гордост, нашата иднина!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ