Јупитер стана најголемата планета во Сончвиот систем со најмногу природни сателити

февруари 7, 2023

Јупитер е најголемата планета во Сончевиот систем, има уникатна црвена нијанса, а има и елегантни прстени. Но, тој гасовит џиностега е побогат за уште еден суперлатив- има најмногу природни сателити во Сончевиот систем. Титулата му ја презе на соседен Сатурн.

Астрономот Скот Шепард од Институтот за науки Карнгеи во Вашингтон извести за анализите на системите во последните две години кои откриваат дека Јупитер има уште 12 мали месечини во својата орбита, со што вкупниот број на природни сателитиу се зголемува на неверојатни 92.

Центарот за мали планети на Меѓународната астрономска унија тихо ги објавуваше орбитите на новите, неименувани месечини последните недели, со тоа официјално потврдувајќи го нивното постоење.

Сатурн, кој претходно ја носеше титулата планета со најмногу природни сателити во Сончевиот систем, падна на второ место со 82 познати месечини во својата орбита. Сите новооткриени месечини на Јупитер веројатно се премали за да им се даде име и потребни им се над 340 дена за да го заобиколат гасовитиот џин.

Многу е веројатно дека вкупниот број на природни сателити на Јупитер е дури и поголем. Неговиот отсјај може особено да го отежни забележувањето на таквите мали објекти, што не исклучува откривање на други минијатурни шриродни сателити.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ