ЈАНЕ КИРОВ: СИТЕ ДЕЦА НЕМААТ КОМПЈУТЕР ЗА ДА СЛЕДАТ ОНЛАЈН НАСТАВА!

март 27, 2020

Градинките, основните и средни училишта се затворени додека неколку илјади млади го продолжувaат наставно воспитниот процес во домашни услови следејќи онлајн настава. Ова решение искрено треба да помогне оваа школска година да заврши успешно.

Но, не за секого.

Имено, онлајн учењето важи само за оние кои имат технички услови. Или едноставно речено, оние кои имаат дома компјутер или преносен компјутер – лап топ.

Ова решение дефинитивно и те како дополнително го отежнува буџетот на социјално загрозените семејства. Истиот проблем го има и кај семејствата со две или повеќе деца, освен ако родителите не обезбедиле за секое дете посебен компјутер. Особено кога децата редовно ракуваат со техниката и таа има потреба од поправки и надградби. Тоа е горката вистина, повеќе од јасно е дека оваа година нема да биде еднаква за сите ученици и студенти.

До сега упатени се повеќе апели од разни здруженија на граѓани и некои фирми веќе одговараат позитивно на молбите од родители, сепак ова е далеку од решавање на проблемот.

Сите деца немат еднаков пристап до воспитно образовниот процес на државата затоа што немаат еднакви или барем приближно еднакви услови. Останува на наставниот кадар да се снајде во конкретниот случај и да прави дополнителни напори за да го реализира процесот на учење подеднакво за сите.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ