ЈАНЕ КИРОВ: Карантинот ги трансформира животите на луѓето во виртуелни на интернет – Виртуелната реалност е иднината на светот и бизнисот!

ноември 13, 2022

Задолжителниот карантин кој го „затвори“ светот дома, ги трансформира животите на милијарди луѓе во виртуелни на интернет. Повеќе од било кога досега, човештвото бара врска со виртуелните светови.

Претходно пишував за влијанието и потребата за дигитализацијата, но оваа виртуелна реалност е исто така од особено значење за сите нас која не смееме да ја игнорираме бидејќи во иднина ќе стане нашето секојдневие.

Виртуелната реалност е член на семејството на инзворедни компјутерски технологии која претставува транспортен систем за човечки сетила кои можат да го однесат човекот на тридимензионални места и сето тоа да делува како реален и нормален свет. Природата на виртуелните светови е безгранична и ограничена само од имагинацијата. Во виртуелниот свет можеме да патуваме буквално со брзина на светлината. Виртуелната реалност ќе биде одлична можност во иднина за училиштата и музеите, особено за предметот историја. Луѓето преку тоа ќе може да добијат вистинска слика како изгледало сето тоа во минатото. Корисникот ќе набљудува различни историски епохи многу реално и вистинито!

Според GRAND VIEW RESEARCH, добивката на VR во 2020 година беше проценета на 15 милијарди долари, а до 2028 година се очекува таа да достигне до 50 милијарди долари. Ова е доказ дека бизнисите чувствуваат потреба за модернизација и употреба на виртуелниот свет. Последните неколку години VR започна да се користи и во здравството во повеќе земји како Кина, Канада, Америка итн. VR им помага на компаниите да ги подобрат безбедносните процедури, да ја зголемат продуктивноста, подобрување на услугата за клиентите, па дури и зголемување на продажбата на нивниот продукт.

Во моментот виртуелната реалност најмногу се користи во здавството, бизнисите за недвижнини и производствени компании. Доколку ви се допадне одреден призвод, веќе не морате да патувате стотици километри до продавниците. Виртуелната реалност драстично ја зголеми довербата меѓу клиентите и компаниите и таа „далечинска соработка“ создаде нови и заеднички искуства.

Често поставувано прашање во Македонија е како да започнат со сопствена VR апликација.

Една од подобрите компании за развој на софтвер e PROGRAM-ACE (кликни ОВДЕ). Нивниот тим отворено разговара за вашата идеја, самите тие извршуваат проценка и ве информираат дали вашиот продукт може виртуелно да „оживее“.

Доколку сте почетник и сакате најпрвин да видите како функционира вуртуелниот свет, може да се придружите во Виртуелното светско општество на веб-страницата virtualworldsociety.org. Пријавете се како член, потоа покажете интерес да се приклучите на некој проект или уште подобро, предложете проект.

Друштвото организира дискусии на кои може да се присуствува во 3D виртуелен свет или преку десктоп или лаптоп компјутер. Ова е одличен начин да запознаете други луѓе кои ги делат истите вредности и интереси во извонредната компјутерска технологија за доброто на човештвото.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ