На 25 јуни 1956 роден е Борис Трајковски, вториот по ред претседател на Република Македонија (од 15 декември 1999 година, до 26 февруари 2004 година). Трајковски дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот „Светите Кирил и Методиј“ во Скопје. Од крајот на 1998 година бил заменик-министер за надворешни работи на Република Македонија во Владата на Љубчо Георгиевски. Учествувал на многубројни меѓународни конференции на тема разрешување на конфликти, религиозна толерантност, религиозна слобода, а бил и претседател на Младинската организација на Обединетата методистичка црква во Југославија повеќе од 12 години. Борис Трајковски трагично умрел на 26 февруари 2004 година во авионската несреќа што се случи во планински предел во близина на Мостар. На пат кон Сараево во истиот авион патувале вкупно девет членови на неговиот кабинет и сите трагично ги загубиле животите.
ЈА САКАШЕ СТРУМИЦА И СТРУМИЦА ГО САКАШЕ НЕГО: НА ДЕНЕШЕН ДЕН Е РОДЕН БОРИС ТРАЈКОВСКИ!
ВРАБОТУВАЊЕ ВО СТРУМИЦА: МАРТИ ХИГИЕНА ИМА ПОТРЕБА ОД АДМИНИСТРАТИВНИ РАБОТНИЦИ– УСЛОВИ ОДЛИЧНИ!
Струмичката компанија МАРТИ ХИГИЕНА има потреба: 1. АДМИНИСТРАТИВНИ РАБОТНИЦИ Сите оние кои се заинтересирани за условите и подетални информации, може…
Со новото кадровско решение, Зоран Трајков е назначен за в.д. директор во Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен…
Наковски волеј победник на турнирот посветен на Илија Караманов
Одбојкарките на Наковски волеј го освоија годинашново издание на Меморијалниот турнир „Илија Караманов“. Тие и во двата натпревари од оваа…
Почнувајки со октомвриската плата аставниците и професорите од основното и средното образование, ќе добијат покачување за 5 проценти. Претседателот на…
ВИДЕО: КОЈ ЈА МАТИ ВОДАТА ВО СТРУМИЦА? ПРИЛОГ НА 360 СТЕПЕНИ!
Пред една недела објавивме сторија за тоа како живеат струмичани, кои во тој момент беа без пивка вода веќе седум…
За само два месеци од поставувањето на новиот менаџерски тим на А.Д Македонска Пошта, со секојдневна макотрпна работа и оставање…