strumica denes logo

Известување до граѓаните на Струмица за отстранување на возилата утре од 14:00 часот – Возилата што ќе останат на наведените улици ќе бидат отстранети со пајак служба!

Автор:

Датум:

март 4, 2022

Категории:

Култура, Струмица

Автор:

Датум:

март 4, 2022

Категории:

Култура, Струмица

Организациониот одбор на Струмичкиот карневал во соработка со СВР-Струмица а заради безбедно одвивање на главната карневалска поворка, Ве известува дека на 05.03.2022 година (сабота) со почеток од 14,00 часот ќе ги затвори за сообраќај следните улици:

– “Булевар Маршал Тито“, од потегот кружен тек кај главна пошта до подземната гража на Плоштадот;
– ул.“Ленинова“, од потегот на раскрсница со ул: “4-ти јули“ (кај ТЦ Глобал) до хотел Централ;
– ул : “Сандо Масев“, на подегот од хотел Централ – зграда на општина Струмица, до кружен тек викан “кикирика“ на ул: “Невена Стојкова“ .

Ги замолуваме сите граѓани кои вообичаено паркираат возила на улиците со делниците кои ќе бидат затворени, истите да ги отстранат пред 14,00 часот на 05.03.2022 година (сабота) заради непречно одвивање на карневалската поворка.

Возилата што ќе останат на наведените улици ќе бидат отстранети со пајак службата на сметка на сопствениците.