Излета голф во струмичко – Неколку млади лица од 19 и 20 години со тешки повреди пренесени во болница

април 12, 2022

На 11.04.2022 во 22.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локалниот пат во с.Добрашинци, струмичко, патничко возило „фолксваген голф“, со струмички регистарски ознаки, управувано од А.Д.(19) од с.Ангелци, струмичко, излетало надвор од коловозот.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците В.Н.(20) и С.Н.(19), двајцата од с.Градошорци, струмичко, а со телесни повреди се здобиле М.С.(19) од с.Ангелци и возачот А.Д., констатирани во Општата болница во Струмица.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Струмица.

*фотографијата е илустративна

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ