strumica denes logo

Истражување на „ЦИА Новус“ за иднината на младите од Струмица и регионот!

Автор:

Датум:

ноември 4, 2021

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

ноември 4, 2021

Категории:

Струмица

Центар за истражувања и анализи НОВУС од Струмица во изминативе неколку месеци посветено работеше на истражувањето “Иднината на младите во Струмичкиот микрорегион”.

Оваа истражување имаше за цел да се утврди фактичката состојба на младите во овој микрорегион. Според резултатите добиени од истражувањето една од причините која би ги задржала младите во државата е подобрувањето на економските услови и животниот стандард како и условите за кариерен развој.

Резултатите добиени од оваа истражување освен што ја утврдија фактичката состојба, можат да придонесат во иднина како индикатор од страна на институциите, бизнис секторот како и граѓанскиот сектор при стратешко планирање и подобрување на општото позиционирање и благосостојба на младите од овој микрорегион.

Како автори на ова аналиичко истражување се Ѓорѓи Милушев и Никол Клесова, членови и истражувачи во ЦИА НОВУС.

Исто вакво истражување спроведуваше и Dialogue – Center for Deliberative Democracy во Прилепскиот микрорегион за на крај сите добиени податоци да се преточат во документ. Целосното истражување како и добиените резултати може да го прегледате на следниов линк: https://zmai.mk/wp-content/uploads/2021/10/MKD-8-Novus-Dijalog.pdf?fbclid=IwAR0MurK9NVQp-H2pHT8e9AznBhqQ7yEw-98kiBJYLoSDQ0vEvAKOTZptq6E

Проектот е финансиски поддржан од Цивика Мобилитас, чиј корисник е Здружението за истражување и анализи ЗМАИ.