Искрено со маестро Џамбо Агушев: Ако облеката одговара на духот на личноста, сигурен сум дека тука нема никаква причина за некакво осудување!

септември 27, 2021

Непосреден и многу професионален, секогаш насмеан! Светот веќе го запозна, а неговата музика и она што го созадава многумина ќе кажат дека е ремек- дело. Џамбо Агушев стана своевиден културен бренд на државата заедно со својот оркестар, промовирајќи вредности кои и другите треба да ги промовираат. Неговиот музички успех се темели на многу работа, контакти, настапи насекаде, посветеност и желба да се прикаже она најдоброто од него. А, најдоброто од него се гледа и на моден план. Едноставно, секаде и секогаш изгледа стилски воочливо и одлично. – пишува МАШКИ МАГАЗИН.

ММ. Ваша дефиниција општо за стилот?

– Па, општо и накратко, стилот би го дефинирал како начин на изразување кој ги содржи сите можни карактеристики и особини преку кои една личност се разликува од останатите. И би кажал дека тоа е една исклучително важна алка од комплетното креирање на сопствената личност.

ММ. Како ти стилски се дефинирате…

– Како професионален музичар, најголемото внимание и енергија секако ги насочувам во мојот индивидуален стил на музицирање. Но, во никој случај не ја изоставам важноста на сите останати сегменти кои ја креираат мојата личност, односно мојот стил на однесување, било тоа да е професионализмот, приватниот живот, начинот на однесување, начинот на облекување и слично. А, ако треба да дадам конкретна дефиниција за мојот личен стил, јас сепак би се потпрел на дефиницијата која ме опишува како музичар-професионалец а тоа е дека: „Џамбо Агушев е урбан, ведар и максимално позитивен музичар, кој бескрајната енергија и посебната емоција знае на чудесен начин да ја пренесе на секој човек од неговото опкружување“. Таков сум на сцена, таков сум и надвор од сцената. Едноставно, таков ми е стилот.

Целосниот линк може да го погледнете со кликнување ОВДЕ.
Извор: МАШКИ МАГАЗИН

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: