Струмичанецот Александар Петков познат во градот како „Петка“, веќе 15 години работи како инструктор и има обучено повеќе од 1.000 возачи. Познато е дека добриот глас надалеку се слуша, па така е со неговиот случај. Кандидатите велат дека смиреноста кај него е непроценлива, токму она што е најпотребно за еден почетник возач. „Петка“ може да го пронајдете на телефонскиот број 071 317 555 или да го побараат во автошкола „Даел“. Во продолжение, на наше големо задоволство, проследете го интервјуто со Александар Петков:
СТРУМИЦА ДЕНЕС: Од каде желбата на Александар Петков – Петка да се занимава со оваа работа?
АЛЕКСАНДАР ПЕТКОВ: Уште од мал имав љубов спрема автомобилите и моторите и токму таа е вистинската причина поради која започнав уште од мојата 23 година да се занимавам со оваа работа.
СТРУМИЦА ДЕНЕС: Колку години веќе сте во оваа работа и дали имате одприлика бројка на обучувани кандидати?
АЛЕКСАНДАР ПЕТКОВ: Работам точно 15 години и за сите овие години од сите категории, како инсктуктор имам обучено над 1.000 кандидати и можам со гордост да речам дека сите се до ден денес одлични возачи.
СТРУМИЦА ДЕНЕС: Кои и каде се вашите први почетоци?
АЛЕКСАНДАР ПЕТКОВ: Моите први почетоци се во автошкола „Орион“, каде поминав убави 8 години и стекнав големо искуство таму. Инаку, како инструктор таму работев со сите категории почнувајќи од А категорија, Б категорија, Ц категорија, Ц+Е категорија и Д категорија.
СТРУМИЦА ДЕНЕС: Струмичани те знаат како „Петка“, зошто?
АЛЕКСАНДАР ПЕТКОВ: Од мал ме викаа „Петка“, бидејќи презимето ми е Петков па на галено што се вели на струмички ме завикаа „Петка“ и ете до ден денес остана тој прекрар.
СТРУМИЦА ДЕНЕС: Тешко ли е да се работи оваа работа како инструктор и што е најважно за оваа работа?
АЛЕКСАНДАР ПЕТКОВ: За оваа работа најважно е да има се има коректен и најважно од се’ смирен пристап спрема кандидатите, бидејќи многумина за прв пат седнуваат во автомобил. Сметам дека во оваа работа и угледот игра многу важна улога, бидејќи и добриот и лошиот глас се слушаат надалеку.
СТРУМИЦА ДЕНЕС: Во кои се места „Петка“ има работено досега и каде се наоѓа во моментот?
АЛЕКСАНДАР ПЕТКОВ: Започнав во автошкола „Орион“, подоцна во автошкола „Паљош“ а сега веќе седум години работам во автошкола „ДАЕЛ“.
СТРУМИЦА ДЕНЕС: Спомнавте дека веќе 7 години сте во автошкола „ДАЕЛ“, низ разговор ни рековте исто така дека работите со свое сопствено возило…нешто повеќе за тоа?
АЛЕКСАНДАР ПЕТКОВ: Да, во „ДАЕЛ“ веќе работам 7 години и сум презадоволен од досегашните случувања. Работам со мој сопствен автомобил благодарение на „ДАЕЛ“ кој ни го овозможи нам инструкторите тоа уживање.
СТРУМИЦА ДЕНЕС: Освен инсктуктор, дали досега имате работено и нешто друго?
АЛЕКСАНДАР ПЕТКОВ: Да, освен инструктор имам работено и во Испитна комисија како испитувач по теоретски дел и по практичен дел.
СТРУМИЦА ДЕНЕС: Она што можеби најмногу ги интересира оние кои допрва планираат да полагаат за возачка дозвола. Каде може да Ве исконтактираат?
АЛЕКСАНДАР ПЕТКОВ: Слободно може да ми се јават на мојот телефонски број: 071 317 555 или да ме побараат во автошкола „Даел“.
СТРУМИЦА ДЕНЕС: Како за кај, што би им препорачале на струмичани и идните возачи?
АЛЕКСАНДАР ПЕТКОВ: На сите најпрвин им посакувам добро здравје и да се чуваат во овие лоши времиња за светот, а на идните возачи ги замолувам да внимаваат на брзината со кое го возат своето возило и најважно од се’, да ги почитуваат сообраќајните знаци и сообраќајните полицајци било каде и да одат во светот.