strumica denes logo

ИНТЕРЕСЕН ПОДАТОК: ПОГЛЕДНЕТЕ КОЛКУ СОНЧЕВИ ДЕНОВИ ИМА ВО СТРУМИЦА ГОДИШНО!

Автор:

Датум:

јуни 13, 2023

Категории:

Магазин, Струмица

Автор:

Датум:

јуни 13, 2023

Категории:

Магазин, Струмица

Во Струмичката Котлина се мешаат видоизменета медитеранска клима чиј целосен продор од Егејското Море го стопира венецот на планината Беласица, и континентална клима чие влијание значително го намалуваат планините Огражден и Плачковица. Климата во Струмица и Струмичко се одликува со релативно благи зими, со долги суви лета и со високи средни дневни температури.

Меѓутоа, во зима термометарот може да се спушти и до -20 степени, а во лето термометарот знае да покаже и до 40 степени. Пролетта и есента се пријатни во Струмица, но мошне кратки. Просечните врнежи од околу 600 литри на м2 годишно се со медитерански режим, со максимум во месеците ноември и декември и минимум во август и септември.

Годишно, во Струмица има околу 230 сончеви денови, сончевиот сјај трае просечно 2.377 часа годишно, магла во просек има најмногу дваесетина дена а исто така се јавуваат и ветришта кои дуваат од сите правци. Од нив најизразен е северозападниот, кој најмногу го има во јули, како и северозападниот кој е пролетен, а поретки се северецот и јужниот ветер.