ИНФОРМАЦИЈАТА ЈА ПОТВРДИ И ЗЕЛЕНСКИ: Украина се согласи на разговори со Русија во Белорусија!

февруари 27, 2022

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се огласи на Фејсбук по средбата со белорускиот претседател Александар Лукашенко.

„Резултатот од разговорите со Александар Лукашенко. Се договоривме украинската делегација да се сретне со руската делегација на украинско-белоруската граница, во близина на реката Припјат, без предуслови. Александар Лукашенко ја презеде одговорноста да обезбеди сите авиони, хеликоптери и проектили стационирани на белоруска територија да останат на теренот за време на патувањето, разговорите и враќањето на украинската делегација“, напиша тој на Фејсбук.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: