Mилијардерот Илон Маск, новиот сопственик на популарната социјална мрежа Твитер, го врати профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
Маск се обидува да го натера Трамп повторно да се активира на Твитер.
Медиумите потсетуваат дека на Трамп му беше забранет пристапот на Твитер на 6 јануари минатата година кога неговите поддржувачи ја нападнаа зградата на Конгресот.