Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
Љубовта кон татковината, не познава граници, ни возрасни, ни верски, а политичките, најмалку се потребни.
Токму љубовта кон нашата Македонија беше таа што ги спои петте момчиња од Радово, меѓу кои најмладото со само 8 години, во посебна коњаничка група која на Илинден стаса на Мечкин Камен во Крушево.
Со посебно задоволство ги поддржав од таму да ја испратат пораката за единство во љубовта кон татковината и почит за илинденците кои животот го дале за неа.
Денеска, дел од нив ме посетија за да се заблагодарат за поддршката, но и да ги споделат впечатоците од нивната прва илинденска коњаничка тура до Крушево.
Секогаш од срце за нашата татковина.