И ОВАА ГОДИНА ПЛАНИНАРСКИ МАРШ ВО ЧЕСТ НА НЕЗАМЕНЛИВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ БОРИС ТРАЈКОВСКИ!

февруари 22, 2023

Планинари од неколку градови од државата по 18 пат маршираат во чест на загинатиот претседател Борис Трајковски. Преку четири етапи треба да поминат околу 200 километри. Традиционално како и во изминатите години, стартуваа од пред споменикот Македонија во Струмица поставен во чест на Трајковски , а крајната цел им е неговото вечно почивалиште во Скопје.

Планинарскиот марш во чест на Борис Трајковски чиј организатор е ПАОК Ентузијаст од Струмица се одвива во два дела. Вториот ќе биде за време на викендот кога околу шеесетина планинари од Македонија и Бугарија ќе го искачат врвот Бо Тра на Беласица, висок 1880 м.н.м.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ