ХУМАН ГЕСТ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД СОУ „НИКОЛА КАРЕВ“: Изработија 927 шкафчиња и ги подарија на учениците од ООУ „Никола Вапцаров“ и училиштето во Градско Балдовци!

декември 28, 2022

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

⭕️ Струмица е пример во државата за активна соработка помеѓу Општината и училиштата.

Веруваме во капацитетот на стручните училишта и ја реализираме иницијативата за активни училишта.

Денеска ја потврдивме во ООУ „Никола Вапцаров“ каде што се испорачани вкупно 927 шкафчиња за ова и училиштето во Градско Балдовци, односно, секој ученик има шкафче за своите потреби.

Шкафчињата ги изработија учениците и професорите од дрвно-преработувачката струка во СОУ „Никола Карев“, а материјалите ги донираше Општината во вредност од 1,7 милиони денари.

Иницијативата е на учениците што значи и тие партиципативно учествуваат во креирањето на локалната политика, затоа што ние сме Општина отворена за соработка со сите граѓани.

Оваа успешна практика ќе ја продолжиме и понатаму со други струки во СОУ „Никола Карев“, но и со СОУ „Димитар Влахов“.

Веруваме во капацитетот на нашите ученици и вложуваме во нивниот образовен практичен процес и затоа го зголемуваме буџетот за образование од 4 во оваа, на 14 милиони денари за следната година.

Од срце за учениците на Струмица ❤️

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ