Perdormire
Струмица

Хортикултурно уредување на улица Климент Охридски!

Екипи од Одржување и управување со јавно зеленило“ при ЈПКД “Комуналец“ деновиве активно работат на холтикултурно уредување на новите пешачките острови на улица Климент Охридски (од Жито Струмица до излезот спрема Добрејци). Се врши садење на дрвја од Индијски јоргован, на колоритни зимзелени садници, трева, како и поставување на систем за наводнување капка по капка. Со поставувањето на пешачки тротоари и осветлување од страна на Општина Струмица се очекува овој дел од градот да добие нов урбан лик се со цел граѓаните да добијат поубаво, попријатно и почисто место за живеење.