ГРУПА СМЕТКОВОДИТЕЛИ ОД СТРУМИЦА СО ПОВЕЌЕ БАРАЊА ДО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

јануари 18, 2021

Барање од група сметководители и овластени сметководители со уверение запишани во Регистарот на ИСОС:

Здравствената дравствената ситуација во нашата држава не се подобрува, и ние, како и останатите гранки сме погодени од истата. Поради голем дел на колеги кои се заболени и во изолација, како и клиенти со кои ни е намалена можноста за комуникација, оневозможено ни е нормално работење. Со ваквата ситуација во која се наоѓаме, ние и целиот бизнис сектор, попречено ни е нормално работење и извршување на обврските кон нашите клиенти и државата воопштено . Во оваа група членуваат сметководители и овластени сметководители, кои во 2020 година навремено излегоа во пресрет на законски решенија за справување со кризата Ковид-19 и се со цел да се помогне на стопанството. Затоа Ви се обракаме како група претставници на сметководствента фела, главната конекција меѓу Владата и стопанството, да ни излезете во пресрет на нашите барања.

Причината поради која сме принудени да делуваме на овој начин се големиот притисок од целокупната ситуација и нефукнционалиот Закон за вршење на сметководствени работи, како и блокираниот Институт на сметководители и овластени сметководители повеќе од 3 години, од причини за кои сте добро запознаени.

1. Барање за пролонгирање на следните рокови: – Законскиот рок 25/01/2021 година за последните ДДВ пријави за 2020 година на месечните и тромесечни даночни обврзници да биде пролонгиран за 30 дена. Дополнително со соодветни законски решенија бараме пролонгирање од 30 дена на сите наредни ДДВ пријави додека трае оваа пандемија. Предлагаме овие законски измени да одат по скратена постапка.

Законскиот рок за поднесување на годишни завршни пресметки, консолидирани финансиски извештаи, како и сите останати извештаи поврзани со нив да бидат пролонгирани за 45 дена.

-Законскиот рок од 15/01/2021 година за регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници да се пролонгира за 30 дена. – Новиот ДЕ образец кој е дел од годишната завршна пресметка да започне со имплементација од 2022 година. – Воспоставувањето на Регистарот на вистински сопственици да биде одложено за 2022 година, со оглед на фактот дека дел од податоците ќе треба да ги внесуваме ние како сметководители. – Законскиот рок 31/01/2021 за поднесување на КИПО образец за 4 квартал 2020 година во НБРСМ да биде пролонгиран за 30 дена.

2. Бараме да не се пресметуваат казнени камати, како и да не се изрекуваат казни на правните субјекти за кои сметководителите кои поради Ковид-19 со решение за изолација не биле во можност да ги запазат законските рокови.

3. Имплементацијата на нови законски решенија и обрасците кои ние како сметководители сме обврзани да ги поднесуваме да биде најмалку 6 месеци од нивно донесување, а за истите да бидат организирани он-лајн обуки од страна на надлежните институции. Исклучок на ова наше барање да бидат законските измени кои се донесуваат за финансиска поддршка поради Ковид-19 пандемијата.

4. Воспоставување постојана комуникација со назначени одговорни лица од надлежните институции (Влада на РСМ, Министерство за финансии, Министерство за економија, Управа за јавни приходи, Народна банка на РСМ, Централен Регистар на РСМ,), со цел надминување на проблемите со кои се соочуваме како сметководители.

5. Бараме итно решавање на ситуацијата со нефункционалниот Институт на сметководители и овластени сметководители, како и отпочнување со работа на нов Закон за вршење на сметководствени работи. Во креирањето на новиот Закон за вршење на сметководствени работи задолжително бараме да бидат вклучени наши избрани претставници сметководители.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ